gore

Пиксел во 2019-та

12-03-2020By Enes Karakash

Пиксел во 2019-та

Ако нешто не’ научи ланскиот осврт на годината за Пиксел, тоа е дека последните денови на декември се веројатно и најлош тајминг за пишување на еден таков Year in Review момент.

Не дека нема што да се напише и сподели, баш напротив, туку дека во екот на сите дружби, (про)слави и подготовки за она што не’ очекува во 2020-та, некако еден таков преглед на крајот може да не го добие вниманието кое го заслужува.

А, како што ќе видиме и во остатокот од овој блог, (се трудев да бидам што пократок ?) внимание кое и тоа како го заслужува.

Заслужува од аспект на продолжување онаму каде што застанавме во декември 2018-та, кога Пиксел го доби признанието за Претприемач на годината, наменето за најуспешните претприемачи на микро и мали претпријатија во земјата.

Признание кое само го (до)трасираше нашиот пат во 2019-та. година во која го проширивме тимот, на наше големо задоволство дел од нашето секојдневие станаа нови домашни и странски клиенти, во која не изостанаа нашите Пиксел дружби и која, нормално, ја финиширавме со нова тура Пиксел мемиња ?.

Но, ај со ред.

Оваа прилика ја користиме да ги поздравиме сите нови „пиксели“ кои во 2019-та станаа дел од нашата приказна, и за кои е резервиран вториот визуелен приказ во овој блог.

Ема, Анџела, Емилија С., Емилија Р.  и Теа, this is for you! … (и дури сега сконтав дека во 2019-та сме станале многу поубава агенција) …

(Coming soon фотките од Теа и Емилија Р.)

Следно е она на што девојките погоре, но и остатокот од тимот на Пикселработеа во годината која веќе ја испративме, во која одново имавме големи веб проекти, големи дигитални кампањи и бевме дел од некои од најголемите настани од индустријата во светски рамки, за на крај да финишираме со Digital for Entrepreneurship, настан го организиравме заедно со ЕБА (Европската бизнис асоцијација) и Град Скопје.

Во 2019-та уживавме во она што се вика IBC 2019 или THE WORLD’S MOST INFLUENTIAL MEDIA, ENTERTAINMENT & TECHNOLOGY SHOW. Гигантски повеќедневен настан и друштво со гигантите во медиумската, забавната и технолошката индустрија кое навистина беше едно уникатно искуство за паметење.

Искуствата од настани кои само се збогатуваа продолжија со учеството на првиот Балкански претприемнички самит и MASIT Conference – Data as an Asset каде бевме спонзори, втората македонска e-Commerce конференција: Grow with Ecommerce, Нови комуникациски трендови – инфлуенсер маркетинг by MAAM, шестиот и седмиот InTech MeetUp – како медиумски партнери и менторската улога која во 2019-та ја имавме на Startup WeekendSkopje (thx Ема ?).

И нешто што ни е особено драго – посетата на неколку поголеми настани во САД изминатава есен, каде Димитар ја имаше честа да биде говорник на DevFest во Орландо и Академијата за дигитален маркетинг, која Димитар ја водеше во тандем со Владимир. Тандем кој во СОС Детско село одржа обука за Дигитален маркетинг за мали бизниси подржани од проектот на Социјална инклузија и економско зајакнување на млади.

Нашиот девелопмент тим, заедно со дизајн и акаунт тимот, во 2019-та разви „од нула“ повеќе веб проекти, со целосно осмислување од UI/UX и маркетиншки аспект и секако, уникатен дизајн и функционалности.​

Такви се целосно новата веб страница на најдобриот фитнес центар во градот, Synergy Fitness & Spa, на која фокусот се стави на олеснувањето на процесот на онлајн плаќање за сите актуелни и идни членови. Функционалност која веќе во првите неколку месеци се покажа како полн погодок. За повеќе инфо тука секако е и нашата студија на случај за Synergy Fitness & Spa.

Кога сме на тема студии на случај на успешни Пиксел проекти во 2019-та, тука е и новата веб страница за Пандев ДОО, клиент за кој реализиравме целосно ребрендинг решение кое на крајот кулиминираше со нова веб страница и стратегија за претставување на компанијата на друштвените мрежи со целосно нов слоган и комуникација.  

Кросовер помеѓу нашите три сектори во 2018-та беше и изработката на веб страницата за СОС Детско село, соработка која изминатава година се надогради со осмислување и спроведување во дело на кампањата Светот на СОС суперхероите“, во која секој од вас може да стане она што на децата од СОС Детско село им е најпотребно, а тоа е суперхерој кој ќе им помогне да ги остварат нивните секојдневните желби.

Кампањата која се фокусираше на онлајн донации и која до пишувањето на овој блог, само преку посебно развиениот систем на онлајн донирање успеа да собере 139.510 денари.

Годината, во делот за веб девелопмент, ја завршивме со целосно новата веб страница за една од најстарите туристички агенции во земјата, Папилон, на која и дадовме целосно ново и освежено онлајн присуство, со низа нови функционалности со цел олеснување на крајната цел на корисникот, избор на најдобрата опција за неа/него за летување, зимување или едноставно, викенд бегство од градот.

Тука се и новите клиенти кои станаа дел од нашето Пиксел семејство, како Roche Macedonia, InterWorks, Jet MindsOffice PlusCarpe DiemTop Gun Lounge Bar, KreddyHouse of Samsonite MacedoniaАлби книжарници, City Fashion.

И тековните кампањи за нашите клиенти, кои во изминатата година своето портфолија ги збогатија со нови производи, како на пример Бимилк кои целосно го освежија пакувањето на своите млека. Активност која ја проследивме со дизајн и девелопмент на целосно нов landing page и кампања на социјалните медиуми.

Во летото 2019-та можевме се’ со Охридка банка Сосиете Женерал, преку кампањата со која ги промовиравме платежните кредитни картички и сите можности кои тие ги нудат, особено во летниот период. За успешноста на кампањата Ова лето можеш се’“, која ги покри сите дигитални канали, зборува и рекордниот број на апликации за кредитни картички.

За истиот клиент голем предизвик беше и преминот од Охридска банка Сосиете Женерал во Охридска банка, премин кој во детална координација со маркетинг тимот на ОБ помина одлично, со детално осмислена нова и освежена визуелна комуникација.

 
Секако, да не биде дека не сработивме нешто и за нас во 2019-та, тука се Momenti.mk и Каде за викенд ?

За таа цел би ве замолиле да ја истестирате и да ја споделите со вашите пријатели нашата нова платформа Momenti.mk, единствена платформа со која на уникатен начин, дигитално можете да ги споделите сите свои посебни моменти со вашите пријатели ?.

Сега можете да си направите специјални дигитални покани со кои ќе можете да ги поканите најблиските на вашите лични настани или пак да креирате и испратите покани за деловните настани кои ги организира вашата компанија ?

➡️ Креирајте ја вашата прва покана уште денес на https://momenti.mk/

Од наши кампањи во 2019-та не можеме, а да не ја издвоиме и „Јас сум жена, кампања со која за во месецот на жената преку селфи видеа снимени од нашите клиентки им го честитавме 8-ми Март на сите наши драги другарки, жени, сестри, мајки, колешки…

Во длабокото, или поточно „дебелото“ во 2019-та отидовме со кампањата со идеалното љубовно дуо „Дебелиот Kрај“ за љубовните седишта во Cineplexx.

А се зезавме и на тема, последната сезона на Game of Thrones, со монтажи кои на крајот се покажаа и како подобри од таа, последна сезона. Исто како и објавата со „љубителот на млеко“ Тормунд.

И да, во 2019-та го прославивме шестиот роденден на Пиксел, „трчавме“ ептен бавно на Скопски маратон, поминавме 3.000 обожаватели на нашата Facebook страница и следевме трендови како #FaceApp и #10YearChallenge со пакувањата на БитолскоBalans+ и Bifruit.

Но, тоа не е се’ ?

Овој преглед на Пиксел во 2019-та го завршуваме со две видеа.

Сосема различни едно од друго, но со иста порака во позадина, а тоа е креативноста на нашиот тим да го направи најдоброто за нашите клиенти…и притоа да се забавува правејќи го тоа.

Piksel Nostalgia – A Christmas Special

Малку поинаква, а во исто време типична #Piksel новогодишна честитка. Носталгична и ретро, со потсетување за некои убави минати времиња и желба за уште поубави моменти во 2019-та.Среќнa Нова година! ?

Posted by Piksel on Недела, 30 декември 2018

Заинтересирани сте за соработка со Пиксел?

Побарајте понуда