Дизајн трендови за 2018-та (втор дел)
1. Гличови
Ова можеби не е најпопуларниот тренд за 2018-та, но секако е еден од највпечатливите. Гличовите се препознатливи со тоа што сликите изгледаат како да се „уништени“ од некакви дигитални пречки и најчесто ќе ги гледаме кај веб страници и онлајн промоции на модерни и млади брендови со поопуштена комуникација. Еден од начините како да ги направите гличовите е со дисторзија на секој од RGB каналите посебно.
![](https://pikselmedia.mk/wp-content/uploads/2020/03/22-1024x567.png)
![](https://pikselmedia.mk/wp-content/uploads/2020/03/23.png)
2. Интеграција со текст и слики
Mоето омилено. Ако некогаш се двоумиш дали сликата да биде врз текстот или обратно, тогаш интеграцијата на двете во едно е твоето идеално решение. Идејата е текстот и сликата да постојат во истиот физички свет. Ова е тренд кој го гледавме до некаде и минатата година, но се уште не го го достигна својот креативен пик. Овој тренд им дава голема слобода на дизајнерите и со малку креативност мислам дека можат да се направат неверојатни креативи.
![](https://pikselmedia.mk/wp-content/uploads/2020/03/211.png)
3. Брутализам
Нашиот сакан брутализам. Можеби во дизајнот нема големи и бетонски градби, но во креативите се гледа исто толку грубиот и „насилен“ пристап. Тој за цел има да ја „нападне“ публиката со неконвенционлана типографија, комбинација на црно-бели фотографии со текстови во боја, исечкани елементи и делови од слики и слично. На прв поглед, брутализмот не се разликува многу од деконструктивизмот бидејќи и двата стилови можат да ја доловат истата порака на сличен начин.
![](https://pikselmedia.mk/wp-content/uploads/2020/03/212.jpg)
![](https://pikselmedia.mk/wp-content/uploads/2020/03/2322.jpg)
4. Респонзивни логоа
Една верзија од твоето лого веќе не е доволно. Поради различните големини на екраните на мобилните уреди произлезе потреба брендовите да имаат различни верзии од своето лого кое одговара на секој уред, на секоја социјална мрежа.
![](https://pikselmedia.mk/wp-content/uploads/2020/03/24331-1024x334.jpg)
5. Боја на годината: Ултра Виолетова 5F4B8B
5F4B8B или ултравиолетова е бојата на годината која нуди софистицираност и оригиналност. Динамичноста на оваа боја и дополнителна причина зошто истата е популарна и кај графичките дизајнери каде што сè почесто ја гледаме во дизајни на пакувања, луксузни брендови и производи за убавина.
![](https://pikselmedia.mk/wp-content/uploads/2020/03/333-1024x341.jpg)
Виолетова во дизајн
![](https://pikselmedia.mk/wp-content/uploads/2020/03/3433.jpg)
Виолетова во мода
![](https://pikselmedia.mk/wp-content/uploads/2020/03/34344.jpg)