Побај понуда

    Одличниот дизајн е погласен од сите пишани зборови

    Станете лидер во дигиталниот свет со тоа што ќе станете пример за „ептен“ добар дизајн.

    Дознај повеќе

    Раскажување на приказните на Битолското Чупе

    БИМИЛК

    Репутацијата која ја имаме стекнато во изминатите 7 години укажува на фактот дека дизајните кои ги утврдуваме со нашите клиенти се лесно препознатливи, и во целост ја погодуваат целната група на потрошувачите. Нашиот дизајн тим освен што има експертско знаење за дизајн, е тим кој заедно со вас може да ја раскаже приказната на брендот, да ја зајакне врската со вашите потрошувачи, и да создаде лојаност кон вашите производи. Станете и вие лидери за дизајн во вашата индустрија.

    Дознај повеќе

    Лежи на зграда, како на Фичо церада!

    ЖИТО МАРКЕТИ

    Ова е непроценливото чувство кое сакаме да го добиете. Всушност НЕ. Ова е единственото чувство кое сакаме да го добиете, а подоцна, откако ќе го измериме успехот преку релевантни бројки од зголемената продажба, ќе ви го потврдиме она првично чувство. Нашите клиенти Жито Маркети се поставија како лидери во нивниот пазарен сегмент, и со препознатлив дизајн и одличен бренд идентитет покажуваат од ден за ден зошто се пример за иновативни лидери на социјалните медиуми. Време е и вие да ги следите примерите на успешните лидери во сферата на дизајнот.

    Дознај повеќе

    Целосно ребрендирање? Да, повелете

    ПАНДЕВ ДОО

    Работата на целосно ребрендирање и давање визуелен идентитет на еден докажан семеен бренд секогаш е предизвик. И големо задоволство, особено за нашиот дизајн тим. Приказната за брендингот на Пандев ДОО тргна од целосно новото лого, инспирирано од нивната дејност, и продолжи во осмислување и дизајн на сите промотивни материјали и унифицирање на присуството на брендот на социјалните мрежи, до Viber стикери посветени на најдобрите соседи. И да, тука е целосно новата веб-страница која нуди уникатно интерактивно искуство.

    Корпоративен и модерен дизајн

    Охридска Банка

    Охридска Банка се уште еден од многуте примери кои гордо ги носат дизајните кои ги развивме заедно, а кои јасно, точно и недвосмислено ја комуницираат нивната корпоративна порака. Честа да се работи на бренд кој се грижи за заедницата, и кој создава визуелни пораки за да остане поблиску до своите потрошувачи е голема, но задоволството е уште поголемо. Станете и вие лидер во дигиталниот свет со модерен, јасен и прецизен дизајн за вашите комуникациски пораки.

    Дознај повеќе

    Побарај понуа

    контактирај нѐ